ПУКАЊЕ ВО СУБОТИЦА, РАНЕТ МЛАД МАЖ

0
432

Во околината на центарот на Суботица денеска околу 18 часот на пешачкиот премин на раскрсницата од улиците Максим Горки и Матија Губец ранет е дваестипет-годишниот С.Ѓ. Тој е застрелан со огнено оружје од непознат напаѓач. Ранетиот е пренесен во болница, а полицијата трага по напаѓачот.Неофицијално повредениот бил ранет во бутот и кон него било пукано од возило во движење.

Повредениот е итно пренесен во Општа болница во Суботица на лекување на повредите, и не е во животна опасност.Како што дознава „Блиц“, ранетиот моментално се наоѓа во операционата сала на Општата болница во Суботица. Неговата состојба засега е стабилна, но обилно крварел.

Истрагата е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали.