И по ЖЕШКО, ЖЕШКО

0
1494
Оваа есен НУЖНО ќе биде жешка на нашата политичка сцена, од причина што е договорена разрешницата на најголемата политичка криза до сега во земјава. Намерно велам договорена (мислејќи на штуриот и штетен по граѓаните на РМ договор од Пржино 2) од причина што не сум некој преголем оптимист за брза и ефикасна разрешница која што притоа ќе биде слепа и правична.
Многу сензитивен дел (но и клучен) од Пржинскиот договор е ставката наречена СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ. За оваа категорија јас бев скептик уште од самиот почеток (и за тоа напишав колумна уште веднаш од како го прочитав договорот), а како се одвиваат настаните околу преговорите на работните групи на партиите како и комплексната легислатива која допрва треба да се носи, се покажува дека сомнежот беше оправдан.
Нема да има волен договор околу деталите за специјалниот обвинител …
Нема да има ВОЛЕН договор затоа што врхушката на ДПМНЕ нужно ќе избегнива една ваква ВИСТИНСКИ НЕПРИСТРАСНА институција, од причина што истата се чуствува ЗАГРОЗЕНА од неа. Се разбира целиот тој судски процес мора да заврши до пред почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во АПРИЛ.
Мене сето ова ми изгледа за ФАНТАСТИЧНО и НЕВОЗМОЖНО, а илузорно би било да Груевски повторно оди на избори, а по тоа на суд во врска со содржините од прислушкуваните материјали. Сметам дека е КЛУЧНО БИТНА граѓанска мобилизација, во поддршката на опозицијата за време на преговорите и договарањата околу спроведувањето на пржинскиот договор за да се чувствуваат посилни и по бескомпромисни во име на правдата.

Криза на моралитетот …

Проблем е тоа што и демократијата е проблем, па граѓаните имаат право мнозински да одлучуваат дури и ако се работи за вакви луѓе каква што е врхушката на ДПМНЕ. Овие луѓе после сите слушнати злоупотреби не би требало да имаат право да бидат релевантна политичка опција, ако човекот по природа е добар, некорумпиран и правичен како што вели Русо. Но човекот е по природа нешто поинаков и е многу близок (според мене се разбира) до дескрипцијата за него што ја дава Хобс (но не сметам и во целост) па затоа сеуште има општествени структури кој сеуште му се лојални на Груевски, себично бранејќи ги и борејќи се за сопствените бенефити и привилегии, како и чување на хиерархиските позиции до сега стекнати и очекување на евентуални бенефити од нив во ИДНИНА.
Овде со жалење би констатирал дека има недостаток на морал, штом се прават компромиси во име на наградата. Не може да се зборува за морал ако него го одредуваат наградата односно казната. Награда и казна за моралот не би требало да има, затоа што тоа ја уништува суштината на моралноста.
Оваа ствар е проблематика на недостаток исто така и на практична мудрост на национално ниво во античко грчкo филозофска смисла на поимот. Односно НЕМОЖНОСТ на нацијата да види, “каде се движи ова време во кое живееме„ , како и немање на свесност какви се последици ќе произлезат доколку истиве поминат неказнето и (па уште) продолжат да владеат.

А овој е спремен за паради …

Од поплавите во Шипковица и Речица па наваму на Македонија и се случува еден феномен, кој што е многу тешко било како да се нарече. Едноставно ова е можеби и светски феномен, каде што премиер на една држава со потполно изгубена кредибилитет, масовно исмејуван од страна на сите кој не зависат од него, оди од село во село и пушта во употреба некој МИКРО проекти дури и за такви микро средини и за целото тоа време е во чекор следен од НАЈДОМИНАНТНИТЕ и објективно НАЈВИСОКО БУЏЕТНИТЕ, па ако сакате и нај јаките телевизии во земјата, кој што во вестите безмалку и да не даваат ништо деруго освен таа посета и истото го вртат дури 3 дена.
Не би сакал да паднам толку ниско (од причина што сакам да и задржам академско ниво на колумнава) па да наведувам секакви глупости, кои што Груевски таму ги отвараше и ги отвара, но би ја нотирал интонацијата и пристапот.
Имено тој сега (одбира стратегија) на јавноста и се обраќа како да им се обраќа на мали деца. Смирено, говори полека и благопријатно, опишува детално и со нежна нарација, а исто така толерантен е и со новинарите. Иако теоријата на Чомски, вели дека ова треба да се “ФИД БЕКУВА„ со помала осуда кон него од јавноста за се, јас не сум баш најубеден дека ова ќе го постигне, од причина што тој во целава оваа негова улога не се снаога најдобро и ја игра НЕВЕШТО. И повторно е СМЕШЕН!
Со жалење констатирам дека новонастанатата состојба со напливот на мигрантите во нашата држава и тоа како оди во прилог на оваа разнишана влада (за дефокусирање на јавноста) а исто така очекувам во периодов кој следи, да ја дуплираат или триплираат продукцијата на небитни информации за време на вестите, но и на разно разни други културни проекти, забавни соржини, емисии во живо на неполитички теми, подобрена понуда на филмови и сериии, а се во функција на дефокусирање на јавноста од горливиот проблем кој претстои, односно спроведување на Пржинскиот договор, односно разрешување на политичката криза.
За крај на овој дел иронично би додал дека ТОКМУ поплавите во Шипковица и Речица мислам дека му ги отворија хоризонтите на Груевски да почне да посетува Албански како и други не Албански села, од причина што во Шипковица и Речица помина добро. Едноставно луѓето имаа мака и му ги отворија вратите. Мислам дека тоа го окуражи зада ги продолжи овие паради. Без ова немаше да има храброст …

Дилетанти и лаици …

Интересен куриозитет ја карактеризира нашата политичка сцена, а тоа е присутниот политички дилетантизам, особено присутен во владеачката партија. Имате поплава (особено во поново време) политички дилетанти, кој се ТРЧААТ и ДРПААТ за функција. Политичкиот ДИЛЕТАНТИЗАМ и ЛАИЦИЗАМ се присутни како во пропагандната провладина машинерија, така и во провладините “НЕВЛАДИНИ„ организации, партиското раководство на ДПМНЕ, но за жал (а од ова сме и најзасегнати) и на челните позиции како и раководните структури на државните органи.
Патриотизмот (оној од 90-тите) ИЗУМРЕ во ДПМНЕ, сега сѐ се сведува на единствениот критериум на “ДИЈЛ ОРИЕНТИРАНИОТ„ Груевски … ПОСЛУШНОСТА.

Изборен модел …

(накусо за моделот)
Мнозинскиот изборен модел, претставува модел каде што целата држава ќе биде поделена на засебни (локални) изборни единици. Македонија имаше искуство со овој изборен модел во далечната 1994 година, каде што целата територија беше поделена на 120 изборни единици, а секоја изборна единица избира по еден пратеник. Изборот на пратеникот по вториот круг се врши со 1 глас повеќе пред опонентот/опонентите во вториот круг. Нај голема слабост на овој изборен модел е токму фактот што теоретски една партија може да ги земе сите 120 мандати со само 120 гласови повеќе од второпласираната партија и така еднава партија да има 120, а дугава (односно останатите) нула пратеници, а вкупната разлика на државно ниво да биде само 120 гласа. Ова е крајно опасен изборен модел за една држава каква што е Македонија, каде живее и владее господинот Груевски.
Налудничавиот предлог на Груевски за мнозински изборен систем како и бонус од 17 пратеници, за победникот мене ми говори дека владеачката партија бележи ДРАСТИЧЕН пад на популарноста (во своите анализи и анкети) и очекува на предвремените парламентарни избори овој пат едвај тесна победа, (како сума сумарум гласови на републичко ниво) па затоа им е потребно еден на еден борбата по изборни единици и така засигурно би постигнале подобар резултат, но никако резултат кој би ги довел до стабилно мнозинство.
Стабилното мнозинство се обидуваат да го стекнат токму со овие гратис 17 пратеници. ШТО Е МНОГУ МНОГУ Е господине МАНГУПЕ!

Сосема за крај …

Тешто е една ваква колумна во едни вакви специфични политички услови да се почне, води и заврши на академско ниво од причина што управувањето со државара како и раководењето со највисоките државни функции е (сега веќе) узурпирано од луѓе/нелуѓе, кој што едноставно немаат ниту перде ниту срам.
Пишува : Зоран Јованоски