ВМРО-ДПМНЕ : ЈО И ДКСК ПРИ ОЧИ СЕ ПРАВАТ СЛЕПИ, А ПРИ УШИ ГЛУВИ, И НЕ ОТВОРААТ ИСТРАГА ДА ИСТРАЖАТ ДАЛИ МУСЛИУ И БИТИЌИ ГИ ИСКОРИСТИЛЕ СВОИТЕ ФУНКЦИИ ЗА НИВНИТЕ СОПРУГИ ДА ЗЕМАТ ГРАНТ ОД 620.000 ЕВРА?

0
216
Четврти ден ниту трага, ниту глас од ЈО, ниту ДКСК за доделениот грант од 620.000 евра со помош на владата на Ковачевски за сопругите на директорот на Агенција за разузнавање Еролд Муслиу и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
 
Четврти ден ЈО и ДКСК остануваат при очи слепи, а при уши глуви и не отвораат истрага да истражат дали Муслиу и Битиќи извршиле трговија на влијание, односно ја злоупотребиле функцијата се со цел нивните сопруги да добијат грант од 620.000 евра.
 
Со склучување на меморандум помеѓу конзорциум на невладини организации и националниот координатор за борба со тероризмот, сопругите на Муслиу и Битиќи добиле грант од 620.000 евра на тема поврзана со тероризмот, чија работата е во домен на директорот за разузнавање, Муслиу.
 
Дополнително, откако го добиле грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги, односно само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на нејзината невладина организација, со промена евидентирана во Централен регистар.
 
И оттука се поставува прашањето, зошто сопругата на Битиќи се избришала од овластено лица само 5 дена по добиениот грант од 620.000 евра?
 
И Муслиу и Битиќи се носителни на јавни функции и мора да се испита која е нивната вмешаност и дали функциите ги искористиле за полесно сопругите да го добијат овој грант од над пола милион евра?
 
Секогаш кога се фатени живи во криминал, владините функционери се бранат со закани за тужба и клевета. Но, ниту тоа нема да им помогне, бидејќи Битиќи како вицепремиер бил на седница на влада кога е донесена одлуката.
 
Четврти ден и Ковачевски молчи и збор не смее да изусти за овој скандал. Со што е уценет Ковачевски за сопругите на Муслиу и Битиќи со помош на неговата влада да добијат 620.000 евра?
 
Владата на СДС и ДУИ секој ден го користи за криминал повеќе.
 
Ден повеќе за владата на СДС и ДУИ, е ден повеќе за криминал, корупција и скандали.
 
Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме!