(ВИДЕО) ГО ДОПРЕА ДНОТО, НЕВЕРОЈАТЕН СКАНДАЛ: Директорот на Државен Архив од неговата државна канцеларија повика на убиство на уредниците на Мактел и Доказ, Саше Политико и Марјан Стаменковски!

0
2285

Од својата државна канцеларија во државен архив, директорот на архивот, Филип Петровски, револтиран поради сторија во порталите Мактел и Доказм, повика на убиство на уредниците, Саше Политико и Марјан Стаменковски!!!

Ова е неверојатен скандал!!! Линк до видеото со повикот до убиство ОВДЕ.

Филип Петровски се обиде невешто да ја негира нашата сторија за упадот на СЈО во неговата институција, но не беше многу убедлив, кажа дека тоа не се случило пред нова година затоа што специјалните обвинителки биле по кафани?!

Тој знае дека СЈО нема да потврди таков настан затоа што тоа е дел од истрага и за тоа не се известуваат медиумите, но и да не е точна нашата сторија, има можност за демант и извиниување.

Па зарем требаше за сите лажни стории на КУРТОНИТЕ ние како опозиција да се закануваме со убиства?!?!

Филип Петровски во видеото раскажа за тоа како бил убиен некој пекар пред сто години во Софија од активист на ВМРО зата што му дал леб без пари на шоферот на градоначалникот на Софија. Потоа, Филип кажа дека наскоро и Саше Политико и Марјан Стаменковски ќе завршат како пекарот од Софија, што е чиста закана за ликвидација и повик на убиство!!!

Саше Политико ќе поднесе тужба за нанесена навреда, клевета и претрпен стрес до Филип Петровски, затоа што тој веќе беше цел на напад неколку пати, а во ДПМНЕ има многу будали кои се спремни да направат ваков луд потег.

Ова е само врв на сите закани досега и кон Геровски и Тричковски од страна на вработен во УЈП, повикот на Грујо за Ќосето до лидерот на СДСМ и претходните закани на Миленко со бетонската плоча до сите опозиционери.

Просто е неверојатно колку лесно мафтаат со убиства челниците на ВМРО ДПМНЕ, зарем животот е толку безвреден за нив, зарем толку лесно би убиле луѓе само да се спасат себеси?!?!

Го известивме за ова здружението на новинарите, ОБСЕ, здружената опозиција а ќе побараме и од МВР да ги заштити уредниците на Мактел и Доказм, затоа што веќе беа нападнати истите и беа повредени.

Ќе ја известиме и мисијата на ЕУ и американската амбасада во Скопје за оваа закана.

Уредникот на Доказ, Марјан Стаменковски изјави дека нема да го тужи Петровски туку дека очекува Филип лично да ја оствари заканата и да не заборава дека неговата членска од ВМРО ДПМНЕ е пред неговата и тоа дека се заканува на стар вмровец – изјави тој.

Извор : Мактел.Мк