ВМРО-ДПМНЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ ВОДИ ХАЈКА ПРОТИВ КОРИДОРИТЕ „РАМО ДО РАМО“ ВО ТЕАРЦЕ, ЈЕГУНОВЦЕ, ЖЕЛИНО, ГОСТИВАР, ВРАПЧИШТЕ И МАВРОВО-РОСТУШЕ

0
442

„Ние нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги блокираат стратешки важните проекти затоа што блокадите се на штета на граѓаните и на земјата“, порачаа активистите на СДСМ.СДСМ ги продолжува интензивните теренски активности и средбите со граѓаните ширум републиката. Рамо до рамо со граѓаните на општина Теарце беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои порачаа дека СДСМ работи а опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат.

 – Опозицијата го блокираше Собранието среде криза, најавуваше рестрикции на струја и крах на енергетскиот систем. И покрај блокадите го заштитивме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите кога беше најтешко. Ништо од најавеното од опозицијата не се случи. Реализиравме антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот и успешно се справивме со кризата. Сега повторно опозицијата гледаме дека шири нови лаги, овој пат за коридорите. Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес. ВМРО-ДПМНЕ, во заложништво на проруската Левица, води хајка со лажни вести против коридорите и против американската компанија – рече Шукова.

Во општина Јегуновце беа Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски. Спасовски порача дека со СДСМ граѓаните се чувствуваат безбедни и сигурни, не само заради политиките коишто значат сигурност на државата туку и заради постигнатиот резултат со намалување на стапките на криминалитет и зголемена безбедност во сообраќајот.

– Гледаме што се случува во општините каде што локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Таму не се реализира ништо, општините се задолжуваат, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за комунални услуги. Јасна и видлива е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Додека ние ги зголемуваме платите и пензиите, додека реализираме стратешки проекти, тие сакаат државата да ја вратат назад во изолација и поделби – порача Спасовски.