(ВИДЕО) Заев: Доаѓа година на слободата и правдата!

0
1282

„Незапирлива е одлуката да си го вратиме животот. Незапирлива е одлуката да си ги задржиме децата дома. Незапирлива е одлуката да живееме заедно, да бидеме еднакви, да бидеме спокојни. Нема повеќе крпен живот!

Ќе ги спуштат главите оние кои повредуваа, крадеа, лажеа и ќе вратат се што одзедоа! Се сеќавате, побаравме светлина кога влеговме во 2015 година.

Вистината во 2015 ни го осветли патот. По вистината, секогаш доаѓа правдата. 2016 година ќе биде година на правдата“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето новогодишно обраќање.