„ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ПРОБЛЕМ ЗА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР, ИМА ПРОБЛЕМ ЗА ПРЕМИЕР ОД КОРУМПИРАНА СРЕДИНА“, ВЕЛИ ДИМОВСКИ

0
481

„Немаме проблем да биде Албанец премиер, имаме проблем ако биде од партијата за која сите релевантни медиуми и од странство вадат на дневна база огромни корупциски афери“.

Ова го кажа поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во вечерашното издание на „Клик Плус“ на прашањето дали имаат против за Албанец премиер во техничката влада.

„Да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ во минатото предложи Албанец за премиер. А сега ако ставием човек од корупмирана средина, и да очекуваме да биде гарант за демократски избори, нема да биде“, смета Димовски.

Извор : КликПлус