Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и владина делегација, денеска, беа домаќини на делегација на Република Бугарија предводена од министерката за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова.
На средбата, која се одржа во Владата, премиерот Заев истакна дека две години по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е постигнат значаен напредок во соработката меѓу двете земји во повеќе сектори и е зајакнат политичкиот дијалог.