ВМРО-ДПМНЕ : НЕМА ПА ИМА УБИСТВО НА ТОТ, ДАЛИ СЕ КРИЕ УБИЕЦОТ ЗА КОЈ СЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е БЛИЗОК ДО НАРКО КАРТЕЛОТ КОЈ ГО ШТИТИ МВР

0
1104

МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот. Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата.

Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство?

Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема трагинна насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство?

Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?