ВМРО-ДПМНЕ : МОНСТРУМОТ ПАЛЕВСКИ Е И ПОСЛЕДИЦА НА ТОКСИЧНАТА АТМОСФЕРА И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОЈА НЕПРЕЧЕНО ЈА ПРОДУЦИРАШЕ НА ПОДКАСТИТЕ, ЗАШТИТЕНИ ОД ВЛАСТА И ПОЛИЦИЈАТА

0
246

Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување.

Со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации. Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето.

Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнидуваа пари.

Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскa ориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство.

Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски.