КОСТАДИНОВ И ШАЌИРИ ЈА ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА НОВАТА САЛА ВО МУРТИНО

0
622
Ветив дека 2022 ќе биде година на спортот, тоа и го правиме.

Со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска, ја пуштивме во употреба новата спортска сала во основното училиште „Маршал Тито“ во Муртино.
Изградена по најсовремени стандарди на површина од 650 метри квадратни, салата обезбедува квалитетни услови за реализација на часовите по физичко образование и тоа не само за учениците од Муртино, туку и од населените места Сачево, Банско и Габрово, или вкупно за 465 ученици.

Инвеститор на овој проект беше Владата на Република Северна Македонија, се реализираше преку Министерство на образование и наука, а во изградбата учествуваше и Општина Струмица со навремено и квалитетно завршени обврски во износ од над 700.000 денари.

Оваа и новата сала во ООУ „Сандо Масев“ се плод на одличната соработка со министерот за образование којашто ќе продолжи и понатаму, а ние го заокружуваме ветувањето дека оваа ќе биде година на инвестиции во спортот.