СЕНЕГАЛ СО ПОБЕДА ВО ПЕНАЛ РУЛЕТОТ ПРОТИВ ЕГИПЕТ ВО ФИНАЛЕТО НА АФРИКАНСКИОТ КУП НА НАЦИИ СТАНА ПРВИТЕ АФРИЧКИ ШАМПИОНИ И НИВНА ПРВА АФРИКАНСКА ТИТУЛА

0
801

Сенегалските фудбалери станаа шампиони на Африка откако во вечерашното финале на Купот на нации го совладаа Египет по подоброто изведување пенали.

Ова е воедно и прва африканска титула за Сенегал.

Сѐ започна жестоко и во четвртата минута беше досуден пенал за Сенегал откако Абделмонем го фаулираше Сис во шеснаесетникот. Следуваше „игра на нерви“, а Салах во еден момент стигна до голманот Габаски за да му даде инструкции каков пенал ќе шутира неговиот соиграч од Ливерпул, Мане. Се чини дека тоа помогна, па Габаски извонредно го одбрани пеналот на првата ѕвезда на Сенегал.

Иако стартот на натпреварот беше многу ветувачки, следеше потивок дел од натпреварот, сѐ до две минути пред паузата кога Менди го одбрани ударот на Салах и спречи водство на Египет.

Во вториот дел Сенегал беше подобар тим на теренот, но мрежите не се тресеа и беше јасно дека нѐ очекува нова драма.

Во продолжението и двете селекции можеа да освојат гол вреден злато, но голманите блескаа, па новиот африкански шампион беше освоен по изведување на пенал. Посреќни и поумешни беа фудбалерите од Сенегал кои на тој начин и донесоа големо славје на својата земја.

За Сенегал, Кулибали, Диало, Диенг и Мане погодија од пенал, а Сар промаши. Од друга страна, Зизо и Хамди беа прецизни, додека Египќаните ги чинеше промашувањето на Абделмонем и Лашен.

Ова е прва африканска титула за Сенегал откако двапати загуби во финалето (2002 и 2019 година).

https://youtu.be/RXFuWOd1hkA