ВМРО-БУГАРСКО НАЦИОНИАЛНО ДВИЖЕЊЕ ГО СПРЕЧИ ПОЛОЖУВАЊЕТО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БЛАГОЕВГРАД

0
392

По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа.

Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“.

Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев“, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.