СОСТОЈБАТА ВО ГОБ “8-МИ СЕПТЕМВРИ” Е ПОД КОНТРОЛА, Д-Р КРИСТИЈАН КОСТОВ: СО ВАКЦИНАЦИЈА И ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НЕ ОЧЕКУВАМЕ ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ПАЦИЕНТИ ПО НОВА ГОДИНА

0
935

“Со помош на вакцините и постоечките мерки, бројката на новозаболени од коронавирусот, после празниците не би требало да се зголеми” – рече директорот на ГОБ “8 Септември”, д-р Кристијан Костов.

Тој апелираше за претстојните празници да се слави дома и да се почитуваат превентивните мерки кои што се на сила досега.
“Секој угостителски објект си има свој протокол на пристап на вакцинирани луѓе, има свој протокол за колку гости може максимум да бидат присутни и сметам дека треба да се придржуваат на сите овие протоколи, на сите овие мерки кои што се припишани за кафанското работење, за дружбата дома во домашни услови сѐ со цел да немаме поголеми последици. Верувајте дека најголем процент од болните кои што завршуваат со летален исход се пациенти невакцинирани” – изјави тој.
Во ГОБ “8 Септември” бројката на ковид пациенти е околу 50-тина.

“Кај нас гравитираат помалку пациенти, воглавно 85% доаѓаат од другите болнички установи со влошена клиничка слика. Најголем процент, односно речиси сите се на кислородна поддршка и интензивниот оддел е секогаш полн. Голем процент се на респиратор и воглавно возраста е од 30-тина години па нагоре” – изјави д-р Костов.