ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ КАРПАЛАК

0
512

По повод одбележувањето 22 години од трагичното загинување на десеттемина припадници на резервниот состав на Армијата, владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп,  каде ја посети и спомен-собата.

Цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“.

Со пригодни државни почести денеска се одбележуваат 22 години од нападот на конвојот на армиските сили на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак на 8 Август 2001 година.

Кај месноста Карпалак во 2001 година, во оружен конфликт загинаа десетте припадници на резервниот состав на Армијата: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.