Роби Телекабел: Кочан ти поти се, моите пари се чесно заработени, јас сум раат пијам кафе во Солун

0
6908

Последен ден од Фебруари е, убав сончев ден. Топло е, а на некој му гори, од глава ќедавие (што би рекле пострите).
Ги слушав вестите во 12. Од нашите пари некој си “заработувал” милјони незаслужени, најверојатно со мисла дека со повеќе пари ќе има лагоден и среќен живот (каква животна грешка).
Денес и во периодот што иде многу луѓе ќе сфатат дека со парите не можат да си го купат раатот, слободата, насмевката. Но за нив веќе е касно…
Големината на еден човек е скромноста, добрината, убавиот збор споделен со луѓето што ги знаеш и оние што случајно ти приоѓаат, чесно заработените пари да ги уживаш а не да робуваш…
Младите генерации се сведоци на ова лудо време кое го живееме и имаат примери според кои треба да го трасираат својот пат во иднина. Од тешко, но чесно заработени пари, од љубов во семејството и респект кај другарите и пријателите- нема поисполнет живот.
Нека му ја мислат оние кои мислеа дека светот се врти околу нив и дека со украдените пари ќе си купат пријатели, почитување и мир.
Ова утро го испив првото кафе во Скопје, сега сум во канцеларијата во Штип со колегите и тргнувам за Солун. Ме чекаат тамошните колеги и драгите пријатели. Малку ќе поработиме, малку ќе се дружиме на убавото време. Е, тој мир и спокој што го чувствувам, со пари не се купува.
Затоа драги, да шириме љубов меѓу нас, да се почитуваме, да се дружиме, и да бидеме пример за младите. Функциите и брзите пари носат немир кој животот може да ви го направи пекол од кој нема враќање.
Животот е убав и краток. Да му се радуваме на секој нов ден, и да правиме понекое добри дела…
#Thank #SJO

Фејсбук статус на Роберт Димитров – Роби, сопственик на Телекабел.