СПАСОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ ПРИВЕДЕНИ ДЕВЕТ ЛИЦА НА ,,ТАБАНОВЦЕ”, МЕЃУ КОИ И КОМАНДИР И ЗАМЕНИК КОМАНДИР

0
385

За злоупотреба на службена положба  во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На ГП  „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција.Поради одвивањето на акцијата на граничниот премин имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.