ВЛАДИКАТА ТЕОДОСИЈЕ ГИ ПОСЕТИ РАНЕТИТЕ МОМЧИЊА : БОЖИЌНАТА РАДОСТ НЕКА ЈА ЗАМЕНИ БОЛКАТА!

0
943

Владиката Теодосије разговарал со лекарите и медицинскиот персонал и се запознал со здравствената состојба на младите, кои биле пренесени во КБЦ „Приштина“ во Грачаница откако биле ранети во Готовуша кај Штрпац, јавува Радио КиМ.

Тој испрати зборови на утеха и охрабрување до ранетите момчиња и нивните семејства, со надеж дека Божиќната радост ќе ја замени болката, а ранетите брзо ќе се вратат во своите домови. Владиката им подари бројаници за благослов и остана со нив во топол разговор.