ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО БОЕВА МУНИЦИЈА: ВМРО-ДПМНЕ и некрофилот Мицкоски секојдневно го покажуваат своето морбидно, нечовечно лице

0
852

Во време на светска пандемија, кога стотици семејства се погодени од коронавирусот, сите здравствени работници даваат се од себе во борбата против опасниот вирус ВМРО-ДПМНЕ упорно го поткопува здравствениот систем, морбидно ја слави смртта и навива за опасниот вирус.

Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски ги следат и во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Поставувањето на плакат, кој алудира на смрт пред Министерството за здравство, од страна на Стефан Синадиновски од УМС Аеродром е уште еден морбиден, срамен чин, доказ дека ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.

Со потсмевањето со жртвите на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ го покажува своето морбидно, некоректно, нечовечно лице.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, од почетокот на пандемијата само глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а од друга страна и ги прекршува мерките за заштита, ги поткопува напорите на здравствениот систем за справување со најголемата здравствена криза.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.