ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА АНТИКОРУПЦИЈА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ЈА ПОСЕТИ РОДНАТА ГРУТКА НЕГОВАТА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

0
619

Општина Крива Паланка е позитивен пример за транспарентност и исполнителност на задолженијата дадени согласно Планот за борба против корупција на Владата.

Во денешниот разговор со градоначалникот Борјанчо Мицевски, зборувавме подетално околу задолженијата дадени на општината согласно Планот за борба против корупцијата.

Крива Паланка има подготвено годишна Антикорупциска програма и е единствена општина која има подготвено и Акциски план за спроведување во пракса на мерките од програмата.

Моите сограѓани знаат дека е најважно да се почне од дома! Ја ставаме локалната самоуправа во целосна служба на граѓаните.

Фејсбук статус на вицепремиерот за антикорупциска на владата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николоски.