ВИЛМА РУСКОВСКА ЈА ИЗРАДУВА НАЦИЈАТА: Истрагата за „Империја“ се интензивира!

0
1038
Обвинителката Вилма Русковска денеска посочи дека истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев, се интензивира.
-За „Империја“ можам да кажам дека се интензивира истрагата. Од крајот на февруари почна кризата со Kовид-19 и не можеше да се повикуваат сведоци и се договоривме и со колешката Гордана Смаќоска и со колешката Лиле Стефанова во наредниот период да се интензивира работењето околу овој предмет, истакна обвинителката Русковска.

Овој предмет го отвори СЈО, а меѓу осомничените е и бизнисменото Орце Камчев, сведокот од „Рекет“. Двата случаи се тесно повразни, бидејќи според обвинението на Русковска, тој на Бојан Јовановски и Катица Јанева им дал 1,5 милиони евра, за да го спасат од кривичниот прогон за „Империја“.

Во СЈО, истрагата за „Империја“ ја водеше обвинителката Лиле Стефанова, а откако предметот премина во редовното обвинителство, и се приклучи и колешката Гордана Смаќовска.

Додека предметот беше во СЈО, „Фокус“ објави детали за истрагата, која беше во напредна фаза.

Минатат година, по само три месеци истрага, од СЈО открија дека имаат голем број на материјални докази, неколку сведоци, легално прислушувни разговори на дел од осомничените, со кои ја разоткриваат криминалната шема, а со која наводно осомничените, меѓу кои Камчев и Сашо Мијалков, переле пари, на штета на државата, а во корист на сопственото банкарско салдо. Дотогаш сомнежот беше дека се „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра.