СООПШТЕНИЕ – ЛАБАРАТОРИИ И ФОТОВОЛТАИЦИ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ,,МИХАЈЛО ПУПИН”

0
342

Денеска во Средното училиште на Град Скопје Михајло Пупин, го промовиравме отпочнувањето на проектот за изградба на специјализирани лаборатории за профилот Електротехничар – Енергетичар, за кое училиштето е добитник на грант од Regional Challenge Fund. На училиштето ќе се изгради и дополнителна фотоволтаична централа.

СЕТУ Михјло Пупин како носител на проектот во соработка со партнер компании од приватниот сектор, доделените средства ги намени за изградба на супер специјализирани лаборатории во училиштето на простор од 300м2, за практична настава за профилот Електротехничар – Енергетичар.