(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЕВ, АХМЕТИ И ШИЛЕГОВ ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА НОВА СПОРТСКА САЛА ВО САРАЈ

0
1634

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, пратеникот во Собранието на Република Македонија и Претседател на политичката партија „ДУИ“, Али Ахмети, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Сарај денеска присуствуваа на одбележувањето на почетокот на изградбата на новата спортска сала во СУГС „Сарај“ во општина Сарај, во Скопје.

Премиерот Заев во своето обраќање нагласи дека сите деца заслужуваат да ги добијат сите потребни услови за достоинствено следење на училишната настава, но и за практикување на здрави спортски навики.

„Ме радува фактот што учениците и наставниците ќе добијат современа спортска сала опремена со најмодерни реквизити и справи каде што младите и децата ќе можат да тренираат повеќе спортови.

Убеден сум дека еден ден сите заедно ќе се радуваме на успесите што ќе ги постигнуваат децата од ова наше училиште.

Владата на Република Македонија е силно определена да ги поддржи проектите што се од интерес на граѓаните и значат подобрување на квалитетот на живот и од тие причини продолжуваме со реализацијата на изградба на спортски сали.

Училиштата ни се од исклучителна важност во намерата да инвестираме, со сите расположливи ресурси и капацитети во развојот на спортската инфраструктура и условите за спортувањето како начин и стил на живот во Република Македонија“ истакна премиерот Заев.

Во своето обраќање министерот Адеми потенцираше дека: „На самиот почеток на новата учебна 2018/2019 година, со денешното поставување на камен темелник за изградба на нова, современа училишна спортска сала во рамки на средното училиште на Град Скопје – „Сарај“, покажуваме и докажуваме која е, но и ќе продолжи да биде нашата приоритетна заложба во рамки на образовните политики кои ги креираме и спроведуваме, а тоа е унапредувањето на инфраструктурните условите за квалитетна реализација на воспитно образовниот процес и за спортување и рекреација на најмладите.

Секако дека, покрај квалитетните наставни програми и учебници, и самата инфраструктура, односно условите во кои децата ги реализираат часовите по сите предмети, вклучувајќи ги и часовите по предметот спорт и спортски активности се основа за постигнување добри резултати и успеси.

Затоа сме одлучни да вложуваме во изградба на нови училишта, нови спортски сали, но и во реконструкција и санација на постојните, онаму каде има потреба и можност да се интервенира.“


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, пратеник во Собранието на Република Македонија и  Претседател на политичката партија „ДУИ“, Али Ахмети, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Сарај денеска присуствуваше на настан посветен на отпочнувањето со изградба на нова спортска сала во средното училиште на Град Скопје „Сарај“ во општина Сарај, во Скопје. Во своето обраќање премиерот Заев истакна:

Собрани сме на настан за подобра иднина на нашите деца. Важни се овие зафати за обезбедување на услови за подобро здравје и за добар физички развој на нашите ученици.

Во оваа идна спортска сала којашто денеска почнува со изградба ќе создадеме услови и за развој на спортските таленти.

Тоа се само дел од причините за моето огромно задоволство што заедно го означуваме стартот на работите за изградба на нова спортска сала во Општината.

Изградбата на овој капитален објект, како дел од Средното училиште „Сарај“, е од големо значење бидејќи со тоа ќе се овозможат услови за спортување, физичка активност и здрави навики на учениците што посетуваат настава во ова училиште.

Ме радува фактот што учениците и наставниците ќе добијат современа спортска сала опремена со најмодерни реквизити и справи каде што младите и децата ќе можат да тренираат повеќе спортови.

Убеден сум дека еден ден сите заедно ќе се радуваме на успесите што ќе ги постигнуваат децата од ова наше училиште.

Владата на Република Македонија е силно определена да ги поддржи проектите што се од интерес на граѓаните и значат подобрување на квалитетот на живот и од тие причини продолжуваме со реализацијата на изградба на спортски сали.

Училиштата ни се од исклучителна важност во намерата да инвестираме, со сите расположливи ресурси и капацитети во развојот на спортската инфраструктура и условите за спортувањето како начин и стил на живот во Република Македонија.

Спортските навики се доблест што сакаме да ги поттикнеме кај секој млад човек – дисциплина, тимска работа, почит, лидерство, солидарност, резултати.

Заради тоа, и многу други причини, создаваме услови за зголемен број на часови по спорт во основните и во средните училишта.

Сакаме да го вратиме спортот во училиштата, да создадеме услови за натпревар за да се создаваат навики за компетитивност, но, уште повеќе и за фер однесување и дружење, а спортот тоа најдобро го прави.

Затоа ни е важна изградбата на спортска училишна инфраструктура како основа за реализација на овие цели.

Нашите деца заслужуваат да ги добијат сите потребни услови за достоинствено следење на училишната настава, но и за практикување на здрави спортски навики.

Посакувам успешна изградба на новата сала во училиштето „Сарај“, на изведувачите им посакувам со лесно и брзо да ја градат салата и најискрено очекувам овој капитален објект да ви донесе многу среќа и радосни моменти за учениците и жителите на Општина Сарај!