ГРАНДИОЗЕН ПРЕЧЕК НА ВРВОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО РОМАНСКОТО МВР И ВО СЕДИШТЕТО НА СЕЛЕК ВО РОМАНИЈА

0
353

Во рамки на меѓународната агенда на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, која започна денес, заедно со Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г-дин Оливер Спасовски го посетивме Оперативниот координативен центар на Гранична Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија каде присуствувавме на кратка презентација која беше реализирана од страна на колегите од Романија.

Исто така, во Министерството за внатрешни работи на Република Романија имавме средба со романскиот Министер за внатрешни работи г-дин Лучијан Никола Боде, како и со Директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, г-дин Огуз Серкант АКИН, а во рамки посетата на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт.

На средбите ја потенциравме досегашната одлична соработка, како и значајноста на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа како оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во областите на прекуграничен криминал.