Прес конференција
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани.
Денеска имавме една средба со повеќе невладини организации кои што ги застапуваат интересите на ромската заедница во Република Македонија. Тоа беше средба иницирана од страна на овие невладини организации и поединци заради тоа што се соочуваме со еден сериозен проблем пред сѐ на дискриминација, односно враќање од граничните премини на лица од ромската популација на излез од Република Македонија.
Проблемот, е веќе подолг временски период, за кој што е дебатирано, разговарано со невладините организации, отварани се прашањата и во македонскиот парламент и овде во Министерството за внатрешни работи, меѓутоа, мислам дека кулминира во последно време бидејќи се соочуваме со водење на судски постапки, односно поднесување на тужби за дискриминација пред надлежните судови во Република Македонија. И сакам да ја информирам јавноста дека имаме четириесет и еден судски процес кој што е заведен пред надлежните судови во Република Македонија, а се однесуваат токму на дискриминацијата при излез од Република Македонија на припадниците од ромската заедница.
Да не го рушиме угледот, честа и достоинството на никој граѓанин на Република Македонија, ниту на припадниците на ромската заедница, а со тоа да успееме да ги намалиме можностите да се водат вакви судски спорови во кои што генерално се руши угледот и честа на Република Македонија во меѓународните рамки.
Ние имаме обврски превземено и со меѓународните договори, со Европското право и така натаму, меѓутоа во рамки на уставот, на законите и примената на Европското право треба да се изнајде решение кое што ќе значи недискриминација на било кој граѓанин на Република Македонија.