(ВИДЕО) СДММ организира крводарителска акција денеска во Прилеп

0
1229

Локалниот клуб на млади при Општинската организација на СДСМ Прилеп денес ја организира традиционалната 15-та по ред крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“.

– Горди сме на оваа активност, бидејќи од година во година наидуваме на се поголем одѕив од страна на граѓаните.

Потребата од крв за болните и повредени е секојдневна. Затоа сметаме дека секоја капка крв е важна, исто како што секој човек важен.

Солидарноста и хуманоста се два основни столбови врз кои социјалдемократската младина ги темели своите политики. Ги охрабруваме сите граѓани на Прилеп, да бидат хумани, да даруваат крв, а со тоа да спасат нечиј живот.

Со оваа хуманитарна акција даваме пример до сите млади луѓе, дека треба да помагаат и да даруваат од срце – рече Славчо Ѓорѓиоски од СДММ Прилеп.