(ВИДЕО) Спасовски : Го исполнуваме ветенето во „Планот за живот“ трошоците се помали и парите се враќаат кај граѓаните

0
966

Маалска средба, Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ, Маврово и Ростуша

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, придружуван од градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Медат Куртовски, претседателот на ОО СДСМ Маврово и Ростуша Самир Ајдини и пратеникот од Гостивар од владеачкото мнозинство Благојче Трпевски беа со граѓаните на населеното место Велебрдо.
Пред присутните, потпретседателот Спасовски зборуваше за повеќе актуелни теми, а имаше можност да се информира и за потребите, проблемите и барањата на граѓаните.

-Како што можете и самите да се уверите, за само 2 години реализиравме повеќе мерки од тоа што беше ветено во Планот за живот во првите 2 години. Постојано спроведуваме рефоми што се битни за државата но и за евроинтеграцијата. Но процесот на реформи нема да е целосен ако изостанат реформите во правата. Затоа е битно да ја зајакнеме правната држава, да обезбедиме неселктивност во правосудството, а тоа ќе го постигнеме со носењето на Законот за Јавно обвинителство кој ќе ги унапреди капацитетите на правната држава. Ветивме правда и правда за сите ќе има, порача Спасовски.