Да живее ВМРО ФУШЕРАЈСКА!!!

0
1631

Мислам дека Јани Макрадули е тој што на партијата на Груевски и го даде името ВМРО ФУШЕРАЈСКА
Нема поприкладно име за неа.
Све што направија, направија на-две-на-три.
Плукни залепи.
Направија театар кој се поплавува секоја година.
Акнаа бродови у Вардар кој не пловат никаде, но исто се се полнат со гомна од Вардар. Штета што не можат да потонат, зашто имаат бетонски столбови.
Од напред на зградите им залепија барок фасади, а од позади се мувлосани.
Изградија градби и фонтани, како Аце на Букефал кои ќе скапат у наредните десет години зашто се тешки и скапи за одржување.
Коце ја направи Коцекабана, плажата на Вардар, на која никој не седи и не оди.
Посадија три врби во Вардар од бронза или тенеќе. Зошто ги направија, никој не знае.
Секоја година прават ден на дрвото, садат милони садници, а Скопска Црна Гора, гола ко бебешко газе. И заради тоа мајка за големи поплави.
Еве ќе прават и панорамско тркало од стотици илјади евра, а куп луѓе се удавија во сопствените лајна од излеаните септичките јами во Стајковци и околу него, зашто немаат атмосферска канализација.
Направија милијарда цркви и параклиси, а луѓето веруваат само на партиите на власт и ним им се молат.
Има дадоа бесплатен превоз на пензионерите, а некажуваат дека тој луксуз го платија со скратување на платите на вработените во ЈСП
Списокот продолжува…. Оставам на вас.

Фејсбук статус на Сашо Тасевски