(ВИДЕО) ПОЧНА СОСТАНОКОТ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТНИ НАЌЕ ЧУЛЕВ И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ПОКРАЈ ДИМИТРОВ, ШЕКЕРИНСКА, ЏАФЕРИ И ТИМОТ НА ПЕНДАРОВСКИ СО НАЧАЛНИКОТ НА ГЕНЕРАЛ ШТАБ

0
767

По завршувањето на седницата, најавено е дека претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.

Премиерот Оливер Спасовски во четвртокот изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејства.

Во текот на вчерашниот ден, високите функционери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ-Мила Царовска и Александар Николоски, истакнаа дека e потребно продолжување на вонредната состојба.

Инаку, денеска е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи Пендаровски на 15 мај.