По долго време на залагање и пропагирање бојкот на попис главниот пиарџија на ВМРО-ДПМНЕ и стратег, Миленко Неделковски се отрезни и се освести при што во последната негова емисија на Јутјуб повика на попис на население кај народот со што изјави дека доколку не се попишат македонците тогаш албанците добиваат поголем процент и ќе бараат повеќе права.
- Ако јас не се попишам во мојата фамилија во земјава ќе има еден македонец помалку, овој попис ваков каков што е мора да успее и ќе успее бидејќи наша обврска е да сме онолку колку што сме во земјава! – Миленко Неделковски во неговата најнова емисија околу независноста и пописот.