(ВИДЕО) НА КАТИЦА ЈАНЕВА И ПУКНА ФИЛМОТ ОД ГРУЈОВИТЕ ТАСТЕРИ : Ми правите мобинг, ова е последен пат што доаѓам тука, си одам и не се враќам повеќе!!!

0
1387

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница.

– Ве известувам дека ова е последно што ќе дојдам. Веќе не доаѓам и сега ќе си одам – рече Јанева, по што стана и ја напушти просторијата.

Претходно Јанева одговараше на пратенички прашања од пратеничката Владанка Авировиќ.

Моментално комисијата е на пауза и по еден час ќе продолжи со работа. Не се знае дали пратениците ќе продолжат со расправата за извештајот на СЈО или за извештајот на работата на републичкиот обвинител Марко Зврлевски.