(ВИДЕО) МВР ИЗРЕЧЕ 101 КАЗНА НА ВОЗАЧИ ПОРАДИ НЕПРОПУШТАЊЕ НА ПЕШАЦИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН

0
818

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 101 возач, од кои 32 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола.

При акциската контрола санкционирани се и 136 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, од МВР апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.