НЕМА АМНЕСТИИ ЗА ОНИЕ ШТО ВРШЕЛЕ НАСИЛСТВО И ПЛАНИРАЛЕ УБИСТВА, МАРТИН КОСТОВСКИ: НАСИЛСТВОТО ВО СОБРАНИЕ МОРА ЕДНОГЛАСНО ДА СЕ ОСУДИ ЗА ДА СЕ ДЕМОКРАТИЗИРА ОПШТЕСТВОТО

0
857

Во емисијата “Само вистина” на дебата учествуваа пратениците Мартин Костовски од СДСМ и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Костовски искажа став дека насилството од 27-ми април беше апсолутно недозволиво после неколкумесечни тензиите во врска со формирањето на новата Влада на премиерот Заев. На протестот пред неколку дена, ВМРО-ДПМНЕ ја потсети јавноста за што се’ се залага стоејќи позади ваквите силеџиски и криминални елементи за дестабилизација на целото општество. Ја посочи ВМРО-ДПМНЕ како партија која што од позадина ги диригирала овие протести иако формално организатор беше Тодор Петров од т.н. Светски македонски конгрес. Побара ВМРО-ДПМНЕ барем вербално да се огради од вакви недемократски методи на политичко делување и да извлечи поуки од крвавиот четврток. Ја потсети јавноста како беа координирани протестите од ВМРО-ДПМНЕ пред да се случи насилството внатре во Собранието.

Пратеникот Костовски искажа свое мислење и за намалувањето на патните трошоци кое што го спроведе СДСМ како програмска определба. Ја нарече фејк Левица како фејсбук партија која што популистички и демагошки се залага за укинување на патните трошоци и ширење примитивизам само за да добие поголема публика и повеќе лајкови. Реално пратеникот патува или со автобус или со возило од неговиот град Куманово до Скопје и назад и за заштеда, обично патува со неколку други пратеници заедно. На таков начин со личен пример ги намалуваат трошоците кои што им ги компензира Собранието.

Во врска со гласањето на пратениците во скафандери, рече дека тоа бил апсолутно неопходен чекор поради деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието кои што само се потпишуваат за присуство и потоа си заминуваат не дозволувајќи да има кворум за работа. Ја потсети опозицијата дека и таа има законски обврски да учествува редовно во работата на комисиите и на пленарните седници со цел побрзо да се дискутира за предлог законските решенија и за амандманите.