(ВИДЕО) Заев : Целиот коридор 8 се реконструира, целосно се обновува патната мрежа што не поврзува со Бугарија

0
766

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Почитувани граѓани,
Огромно е задоволството да се види како патиштата ширум нашата земја забрзано се градат и во вонредни услови со почитување на сите безбедносни протоколи за заштита.
Кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот не ги попречи капитални инвестиции. Напротив, имаме забрзано темпо на изградба.
Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји.
Заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска сме во неговиот роден крај да направиме увид во текот на градежните работи од рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка-Ранковце.
Целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Република Бугарија. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.
Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвараат нови работни места, ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин.
СДСМ е силно посветена на изградбата на крупните капитални проекти кои ќе донесат долгорочни бенефити за сегашните и за идните генерации.
Изразувам голема благодарност до работниците кои во овие вонредни услови продолжуваат посветено и професионално да работат на реализацијата на овој значаен проект.

На изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни очекувам голема поддршка од граѓаните за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ за да продолжиме уште повеќе и уште подобро да ја градиме и развиваме нашата убава земја.