МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА, ЗАЕВ: СИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ДА ОБЕЗБЕДАТ ШТО ПОВЕЌЕ ВАКЦИНАЛНИ ПУНКТОВИ ВО СВОИТЕ ОПШТИНИ

0
1021

“Општините кои имаа капацитет да обезбедат инфраструктура, сали и слично веќе ги отворија регионалните центри за вакцинација против Ковид-19” – истакна премиерот Зоран Заев, но апелираше и до другите градоначалници, советници и општински власти да направат дополнителни напори за отворање на други регионални центри, за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште повеќе. Посочи дека сите здравствени домови се место на вакцинирање.

По ваквите регионални центри, како што е салата Борис Трајковски, по сите други останати што се отворени во државата и дополнително двата што се во најава дека ќе се отворат, не треба да се застане туку да се продолжи со нивно отворање секаде каде може да се обезбеди инфраструктура.

Тој исто така порача дека Владата вложува напори да обезбеди вакцини од сите страни кога беше тешко тоа да се направи.

“Со десетици фирми е разговарано. Плаќани се авансни гаранции. Авансот со кој се обидовме да ја обезбедиме вакцината на Синофарм секако дека е вратен, а деталите за тоа може да ги даде министерот за здравство” – изјави денеска премиерот.

“Верувам дека постои постапка за декласификација на сите документи, и тоа треба да го знаат граѓаните. Цените се познати за сите во светот кои ги набавуваат вакцините, сите останати држави на европскиот континент и во соседството и во светот. Тие се истите цени и кај нас. Ако постои механизам за декласификација ние ќе го направиме тоа како Влада, односно соодветните институции, за да може министерот за здравство да ги објави сите детали. Имавме напори одредени аванси да се платат, да се изгарантираат комплетно, но во меѓународното плаќање сето тоа се знае како се регулира. Ако се испорачаат нарачките, тогаш и плаќањето се спроведува. Тоа е само по себе доказ дека сме правеле се за час поскоро да ги набавиме вакцините” – рече Заев.