(ВИДЕО) Глупавиот Давид Луиз со меч за заборав на „Итихад“, му подари два гола и победа на Сити

0
1269

Манчестер Сити рутински го доби дербито против Арсенал на домашен терен (3-0) на вториот меч од рестартот на Премиер лигата и последен од 29. коло. Разочарувачки настап запиша Давид Луиз, кој направи пенал и потоа заработи црвен картон, а погреши и при првиот погодок на „граѓаните“.

Две брзи повреди на Џака и Мари ја променија замислата на Микел Артета против својата поранешна екипа. На нивно место шанса добија Луиз и Себаљос, а пред паузата резултатот беше отворен.

Рахим Стерлинг стигна до една топка и силовито ја заби во мрежата на „топџиите“. На неговата реализација и претходеше една грешка на бразилскиот дефанзивец на гостите.

Сити

Само што започна вториот дел, Луиз направи груб фаул и беше испратен во соблекувалната. Сити доби шанса за втор погодок од пенал, која ја искористи Кевин Де Брујне.

Де Брујне

Пеп Гвардиола не сакаше многу да ризикува во завршницата, па ги натера фудбалерите да го намалат темпото, со оглед на обезбедените бодови. Бранителот на титулата ја потврди втората позиција на табелата со погодокот на Фил Фоден во надополнувањето.

Богатата програма во англиското првенство продолжува во наредните три дена кога на програмата се натпреварите од 30. коло.