(ВИДЕО) Бочварски: Преполовен е бројот на патници во возовите, а власта уште укинува возови!

0
1180

Бројот на патници кои се возат со воз е намален за неверојатни 50 проценти! Превозот на стока со воз е намален за над 50 проценти! Погледнете го на графиконот тој вртоглав пад на превозот на патници и стока. 1.500.000 патници се превезувале со воз до 2008 година. Бројката е преполовена на 800.000 патници, рече Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.timthumb-php

3.800.000 тони стока се транспортирале со воз до 2006. Бројката е повеќе од преполовена, на 1.500.000 тони.

Ова се фактите за неодговорните политики на власта на Груевски на штета на граѓаните и на бизнисите.

Логично е граѓаните да не се возат со воз кога јавното претпријатие Македонски желензици – Транспорт управувано од кадри на актуелната власт укинува патнички возови.

Последно, укинати се возовите на релација Скопје-Кичево-Скопје, Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Гевгелија-Скопје, само три месеци од помпезната најава во јуни за нивно пуштање во сообраќај. Ова редуцирање на возови кон повеќе градови низ земјава следува после историското укинување редовни меѓународни линии, за прв пат по 143 години.

Ние, по декември ќе се насочиме кон модернизација на железничката инфраструктура и обнова на возниот парк за да обезбедиме активен железнички сообракај со што ќе им овозможиме на граѓаните и на бизнис секторот пак да го користат возот како брзо превозно средство по пристојни цени.