КАМЧЕВ ДОБИ УПАТЕН АКТ ДА СЕ ПОЈАВИ ВО ЗАТВОР, МУ ОСТАНУВААТ 7 МЕСЕЦИ ЗАТВОРСКА КАЗНА ВРЕМЕТО ПОМИНАТО ВО ПРИТВОР

0
1501

Бизнисменот Орце Камчев денеска добил упатен акт за во затвор, односно за да ја издржи затворската казна од  една година која ја доби за случајот ,,Империја”, по направената спогодба.

Информацијата за ,,Фокус” ја потврдија од Кривичниот суд.

Сепак ова не значи дека Камчев уште денес ќе влезе зад решетки.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, се предвидува во Законот за извршување на санкциите.

Сепак Камчев има законска можност да побара и одложување на издржувањето на затворската казна, поради повеќе причини како што се грижа за деца, болест и сл.

Една од можностите е и Камчев да побара одложување се до правосилноста на пресудата за ,,Плацеви на Водно”, за што исто така беше осуден на казна затвор од една година. Во тој случај се определува единечна казна, но и се собира времето кое го поминал во притвор. Бизнисменот за ,,Империја” беше 9,5 месеци во притвор, а за ,,Плацеви на Водно” 4,5 месеци.

Засега нема детали за тоа во кој затвор Камчев би ја издржал преостанатата казна од неколку месеци.

Камчев, покрај затворската казна плати и 5,2 милиони евра штета.