(ВИДЕО) АРСОВСКИ : ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ПРЕКРШИЛ ЗАКОН И ДАЛ АМИН ЗА ГРАДЕЊЕ НА ОБЈЕКТ КОЈ Е НЕЛЕГАЛЕН

0
758

Криминалот на градоначалниците на СДСМ е очигледен. Секојдневно гледаме и слушаме како направиле низа неправилности, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, нагласувајќи дека меѓу нив е и Илија Јовановски, поранешен градоначалник на општина Прилеп.

„Јасно беше дека му е прв и последен мандат како градоначалник, па направил сериозни кривични дела додека бил на функцијата.

Извесна парцела каде што се имало одобрение за градба од 2005-тата година, некаде на средина на мандат на Јовановски, се менува на чуден начин инвеститор и се отпочнува со градба на објект. Инаку првото одобрение за градба е на одредена фирма АГД Градба која што за 6 месеци откако им е дадено во 2005-тата година одобрение за градба не отпочнале со изградба на објектот кој што го планирале. Менувањето настанува токму баш за тоа, и нејасно е дали и како односно спротивно на закон Илија Јовановски го дава одобрението за градба за истава оваа парцела каде што не била отпочнато да се гради објектот на друга фирма одредена ДПТУ Дино 99.

Е сега, оттука, откако почнува да се гради новава фирма која што на чуден начин го стекнува одобрението на градба, односно Илија Јовановски го менува инвеститорот за оваа парцела. Градежни инспектори од општина Прилеп излегуваат на терен и констатираат неправилности, нелегалности и крајно, ја стопираат градбата. Ја стопираат затоа што на страна од законот, односно од проектот кој што го поднеле има направено плус одредени други простории кои што не биле влезени во проектот. И со тоа се покажува дека го прекршиле законот.

Откако го констатираат сите неправилности инспекторите, законот наложува да одобрението за градба градоначалникот го стави како ништовно, односно целата постапка треба практично да се отпочне одново или тој објект да биде срушен. Но, наместо да се поништи актуелното одобрение, инвеститорите поднесуваат барање за измена на основниот проект во градба, практично да ги легализираат нелегалностите кои што ги направиле.

И оттука наместо да има правна разрешница, како што вели законот за овој објект, инвеститорите си продолжуваат и го градат целиот објект, а градоначалникот не презема никакви активности. Напротив на секој можен начин им дава легитимитет на овие неправилности кои што биле направени“, посочи партискиот портпарол додавјќи дека на членовите на СДСМ помили им се провизиите и наградите, отколку почитувањето на законите.