ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕВ ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ ЌЕ СТИПЕНДИРА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ЗА УСОВРШУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКИ ЦЕНТРИ

0
1140
Се гордеам со моите млади колеги специјализанти. Им

честитам

за нивната посветеност и трудот за повисоки професионални достигнувања.

Во фокус на мојата работа останува борбата за достоинствен третман на здравствените работници од страна на државата, за градење на идни квалитетни лекари кои ќе работата на клиниките и болниците во државата.

Јас верувам во квалитетите и стручноста на моите колеги, затоа на младите лекари треба да им се понуди соодветна поддршка и усовршување, конкурентни плати и услови во клиниките, како и почитувана позиција во општеството.

Со задоволство може да најавам, дека во следниот период Фондацијата ,,Заев едно општество за сите” ќе даде поддршка на млади лекари за нивен развој и едукација со цел мотивирање и унапредување на овој сектор.

Фондацијата за 5 до 10 специјализанти, ќе обезбеди стипендии за Иркад центарот за експериментална хирургија во Стразбур во Франција. Исто така Фондацијата ќе го финансира престојот на специјализантите на стажот за мобилност на некој од најразвиентите европски универзитети.
Фејсбук статус на Венко Филипче.