Во соработка со Општинските кризни штабови на најпогодените градови од корона вирусот, Куманово и Дебар, семејството на Зоран заев со помош на волонтерите од струмичкиот кризен штаб и хуманитарни невладини друштва, во текот на денешниот ден ќе спремаат и утре ќе испорачаат вкупно 700 пакети прехранбени продукти од кој 500 за Куманово и 200 за Дебар.
Помошта ќе се испорача на место и во договорен термин со општинските кризни штабови. Истата ќе биде само доставена, а понатамошната дистрибуција во домовите на луѓето ќе го вршат општинските кризни штабови преку своите волонтери. Сега е време на општествена одговорност, сега е време на солидарност и само постапувајќи така сите заедно можеме да го победиме корона вирусот.
ГОЛЕМО Е СРЦЕТО НА ЗАЕВИ! БРАВО!
Gepostet von Sashe Ivanovski am Montag, 6. April 2020