НЕ ИМ ГО ТРАНСФОРМИРААТ РАБОТНИОТ ОДНОС НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ: ВМРОВСКАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ВО БИТОЛА СИ ИГРА СО ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА 15 НАСТАВНИЦИ ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И 2 ПРОФЕСОРИ ВО СРЕДНО

0
1489

Петнаесет наставници од основно и двајца професори од средните училишта во Битола чекаат вработување на неопределено време иако имаат 2 години континуиран стаж и положен стручен испит. Нивните вработувања се доведени во прашање откако член на Комисијата за трансформација на работен однос на вработените во основните и средните училишта во Општина Битола не го потпишал извештајот за нивно вработување.

Работата намерно ја кочи новата локална власт од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи МОН претходно дало согласности за тие вработувања.

“После долг период без работа, мој близок се вработи како наставник пред две години. Сега локалната власт е на една политичка опција, а централната на друга и настана проблем. Закочи неговото вработување. До кога политиката и партиите ќе аминуваат во образованието? До кога наставниците наспроти својата волја ќе се ставаат во еден или друг партиски кош? Какво е ова општество во кое егзистенцијата на семејствата на наставниците ни зависи од партиите? Ако треба и до Стразбур ќе одиме, не само до нашите судови” – рече член од семејството на наставник од Битола.

Трансформациите на работниот однос за сите кандидати не ги потпишал член на Комисијата кој претходно, во времето екс градоначалникот Владимир Талески бил директор на едно училиште во Битола.

Поради тоа Министерството за образование и наука ја известило Општина Битола дека извештајот не бил потпишан од сите членови на Комисијата и целата постапка се враќа на почеток.

Треба да се наведе дека новиот градоначалник Коњановски противзаконски ја ставил сегашната Комисија во мирување додека да изврши промена на членовите по партиска подобност.