ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е ЗЕМЈА СО СИТЕ НИШАНИ : БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР РИШИ СУНАК Е ПОД ИСТРАГА, ФИРМА НА СОПРУГАТА ДОБИЛА ВЛАДИНИ ГРАНТОВИ

0
543

Против британскиот премиер, Риши Сунак, е отворена истрага поради евентуален конфликт на интереси. Причини за отворање на истрагата се информациите во медиумите дека компанија во која удел има неговата сопруга, добила владини грантови.

Станува збор за компанијата за згрижување деца „Кору кидс“. Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која прима владините грантови.

Овој случај има свој еквивалент во Македонија. Имено медиумите пред неколку недели објавија дека фирмата во која удел има сопругата на македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, добила државно земјиште по цена од 70 денари од м2. Како што објавија медиумите Елена Ковачевска има удел во компанијата „Соул груп 5“, која со одлука на владина седница ќе добие државно земјиште под 1.119 м2 за изградба на планирана фотоволтаична централа.

Премиерот Ковачевски се правдаше дека не присуствувал на владината седница на која била донесена оваа одлука.

Што се однесува до британскиот премиер, доколку се утврди дека Сунак ги прекршил правилата, комесарот може да побара да го признае тоа и да се извини и да ги исправи неправилностите. Во посериозни случаи, прашањето може да се достави до Одборот, кој може да наметне санкции, вклучително и суспензија на платата.