ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ КАКВИ ПАРТАЛИ ЛЕТААТ ОД ВИЛМИЧ ОД РЕМЕНСКИ – 🚩ВИЛМА РУСКОВСКА ДОЛЖИ ОДГОВОР НА ИНСТИТУЦИИТЕ И НА ЈАВНОСТА – “КОЈ ЈА СНИМАЛ”❓

0
1357

🤩 Со нетрпение чекам ЈО Вилма Русковска да се врати од одмор, за да одговори и објасни неколку прашања и дилеми на јавноста и на институциите која самата ги откри и отвори, а се однесуваат на аудио снимката во која се слуша нејзиниот глас со пригушен глас на соговорник.

Не дека, проблемот со незаконскиот претрес во ФП и констатираните неправилности од страна на Републичкото обвинителство не се важни, напротив.
Но, се добива впечаток дека, како да се сака да се пренебрегне таа аудио снимка, контекстот на разговорот и искажаната (зло)намера од нејзина страна за свесно кршење на човекови права.

Беше прашана да ја коментира и таа се обиде да релативизира сериозни основи за начинот и пристапот на нејзиното работење во релација со приваниот живот, (зла)намерата и многу други обвинителски правила кои катадневно ги крши.

🚩 Релативизирањето почна со тоа дека “фигуративно” се изразувала за (зло)
намерата што не е точно; па, да сме го прашале Камчев за автентичноста на снимката; па, дека снимката била, па потоа не била дел од доказите за “Рекет” – се’ неточно, за да денес читам нејзина изјава/коментар за снимката:

❗”… Мислам дека разговорот е во време кога го пријавуваше случајот „Рекет“. Тогаш ја работев и истрагата за организаторите на 27 април – вели Русковска” за Слободен печат.

🚩🚩Дали со оваа изјава/коментар Вилма Русковска тврди дека, Камчев е соговорникот и дека ја снимал за време на предистрага и истрага за случајот “Рекет” која таа лично ја водела❓

Многу сериозно прашање.
Бидејќи начинот на кој таа одговара за снимката е очигледен и нема никакво “наводно” во автентичноста на нејзиниот глас во неа, таа ПОД ИТНО треба да одговори на јавноста и на надлежните институции на неколку клучни прашања од чиишто одговори многу нешта од минатото и денес ќе станат јасни.

❗Треба да одговори:
1️⃣ Дали знаела дека е снимана кога ги водела разговорите со Камчев и дали знаела дека постои оваа снимка и други можни снимки❓

2️⃣ Ако знаела дека оваа снимка постои (како што првично кажа), зошто не се изземала од водење на случајот Рекет и не повела постапка против снимателот за неовластено снимање❓

3️⃣ Дали Русковска знае каде е снимана и кои други лица биле присутни – каде е направена оваа снимка – во просториите на обвинителството, кај неа дома, кај снимателот дома или во кафана❓

4️⃣ Зошто како обвинител се среќавала и разговарала за службени работи со лице штотуку излезено од притвор кое нејзиното обвинителство презело обврска да го гони за случајот Империја, кој заврши како што заврши❓

5️⃣ Дали случајот Рекет и рушењето на СЈО кој се докажуваше со доказ-снимка која излезе на ЛаВерита – никогаш невештачена и неовластено направена од лице во домашен притвор – е доказ дека со неовластеното снимање и снимките, снимателот влијаел во предмети за сопствена корист❓

☢ Дали после оваа снимка Русовска ќе го тужи Камчев за неовластено снимање❓ Ако одговорот е НЕ како што претпоставувам, тоа е уште еден доказ за претпоставените одговори на прашањето и нејзина двојна одговорност❗

🚩Вилма Русковска мора да одговори на овие прашања и од причина што таа свесно и намерно го изземала од КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕПОСТАПУВАЊЕ Горан Николовски-Џони (последниот директор на УБК), кому Камчев во тоа време како на овластено лице со полициски овластувања прв му пријавил рекет, а Николовски не применил ниту едно службено дејствие❗

По повод тоа, Камчев под заклетва на Суд изјави:

ℹ “… Раскажувајќи, како наводно, бил рекетиран и како осмислил да обезбеди докази, кажа и дека прв за се што се случува бил известен тогашниот директор на УБК, Горан Николовски Џони. … Имам познанство со Горан Николовски, тогашен директор на УБК. Пријавено е кај него. Кога ги дадов парите, еден милион евра, уште еднаш пријавив кај Николовски во УБК. Тој ми даде многу добар совет. Да зачувам се, хард дисковите, сите уреди кои сум ги користел за снимање. Ми рече дека единствена личност на која може да и верувам е обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев”❗(слика Фокус)

🚩Од оваа изјава се потврдува непостапувањето на Горан Николовски со овозможување да се случи рекет и да се компромитира и згасне СЈО, преку ДОБРИОТ СОВЕТ ДА СНИМА СЕ’ и да има доверба “само во Вилма”❗(слика Фокус и Офф нет).

❗Русковска треба да одговори:
1️⃣ Дали советот што го добил Камчев од Горан Николовски-Џони “се’ да снима” вклучувал и нејзино неовластено снимање и обезбедување на материјал кој и нему (на Г.Н) ќе му обезбедиле неказнивост за службеното непостапување и други случаи❓

2️⃣ Дали единствениот инспектор од УБК (Сашо Стојанов) кој некогаш бил пратен во обвинителството кај Вилма (бил пратен од Горан Николовски за случајот Рекет), имал задача дадена од својот шеф да ја предупредува Вилма и погрешно да ја навигира кон безбедна патека за негова и нечија друга (не)одговорност❓

3️⃣ Зошто Вилма, ДКСК и АНБ, и покрај сите пријави го пренебрегнале фактот дека, Горан Николовски-Џони живее на непријавен/скриен имот (куќа) кој е сопственост на адвокатот на Камчев во сите предмети – Антонио Апостолски❓

ℹ Во АНБ и во нејзината внатрешна контрола 3️⃣❗години не се постапува по неанонимна пријава со факти за шпонажа, неовластено снимање …, овозможено и по сугестија на Горан Николовски-Џони❗

🚩Еве можност и обврска да се извести надлежен ЈО кој кон истрагата по наводите во неанонимната пријава ќе ја вклучи и Вилма Русковска, но не како ЖРТВА на снимателите и советодавецот Џони, туку како соучесник и прикривач на кривични дела под уцена‼

🤔 …. Доверба❗
Мијалков и Камчев имаат доверба само во Вилма. Неверојатно, но вистинито. Која е причината за таа “доверба”❓Страв од компромитација❓

Од сите нејзини “удбашки комбинации, кафански агентури …” и глумење на лажен Елиот Несс (на)страда правото, правдата, законите, довербата и угледот на институциите. Правна држава не се прави преку PR-обвиненија недокажливи на Суд, со закани кон судии и обвинители, со дебело платена медиумска пропагандна во која таа суфлира/инсинуира некои да бидат светци, а други ѓаволи….

Помина тој филм .., се виде со договорниот затворски туризам и довербата во неа❗

🚩Ред е таа да се соочи со сите нејзини воспоставени непишани “правила на игра во обвинителското постапување”. Да се со своето помагање и доведување во заблуда на Судот, со оддавањето на службени тајни, (зло)намери, изнуди и злоупотреби.
Ова не го велам јас – туку самата таа и институциите кои го научија нејзиниот “модус операнди на лажен Елиот Несс”❗

Многу одамна, пред 10 години напишав еден ФБ статус во кој повикав: “Да не се рушат правилата на постапување и законот, зошто токму на кршачите еден ден тие правила најмногу ќе им требаат ним”❗

Не знам што ќе и’ треба на Русковска како продолжувач на прекршените правила и законите од тоа време до денес кога ќе се врати од одмор. Можеби ќе и’ треба имунитет, можеби адвокат или пак, добар совет, но едно сигурно ќе и’ треба – соочување со себе си и сопствената одговорност за сите (зло)намери и грешки❗

Фејсбук статус на професорката на факултет за безбедност, Фросина Ременски.