ТРИЧКО : СПАСИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

0
1093
Пишува: Бранко Тричковски
Ја прашав вештачката интелигенција
дали знае кој може да ја спаси Македонија?
Знам кој може, но не знам зошто, ми одговори вештачката интелигенција.
Да не се вика Мицко?

Тричко, ми рече вештачката интелигенција, мислев дека вие Македонците сте поинтелигентни.
Кикифрики?

Па, ако дозволите да ве профрфља, не би го отфрлал.
Бладемилчин?

Ако ја замислиме Македонија како шише тој би бил добар за чистење, има густа коса и жица тело, на времето така се миеја садовите по кафеаните. Неговиот хендикеп е во тоа што не дава никакви резултати ако овој што ќе го користи за спас на Македонија, не се напие бладимери, десет чаши најмалку. Скап е, Тричко.
Ванковска?

Таа може да ја спаси Македонија ако замислиме дека е флека, не Ванковска, Македонија, таа може да ја игра улогата на вениш, крпа или џокер.
Жанета Трајковска!

Жане е матица за медиумски кретени, што значи, да, таа е мој фаворит.
Горан Михајловски?

Ако го изберете Горан тоа значи дека автоматски сте ја елиминирале Жанета.
Љупчо Коцарев?

Не, Љупчо е најобична будала.
А да викнеме на помош од старите комити, војводи и слични дејци?
Тоа се манекени, модели за софиски фото сесии, хохштаплери, пљачкаши на македонски села, ебачи на туѓи македонски жени, лапачи на македонски јагниња и табла партнери на турските аги и бегови.

Имам некои пријатели кои потајно се надеваат во Катица Ќулафкова?
Да, таа може со брзо трепкање да направи провев кој ќе ги издува сите опасности над Македонија, но се случува да и влезат антички греди во очите и тогаш станува тотално неупотреблива, влегува во сппасителска менопауза, ако ми е дозволено да употребам вакви метафори.
Лигњата?

Лигњата е свиња, Тричко, не претерувај со провокациите.
Хер Флик?
Идиот!
Дафина?
Дафина е крава само без жолта маркичка, без опашка за растерување на мувите, без вимиња, дури и без уши за жолта маркичка.

Младен Ч. Ади…?
Будала на привремена работа како крупје во “Фламинго” казиното на корупцијата.
Ристо Никовски?

Тој не може да ја спаси сета Македонија, но може да ја спаси убавината, посебно машката убавина во Македонија, што не е малку.
Мирка?

Ааааааа, Мирка е Ристо, Младен, Дафина, Флик, Лигњата, Љупчо, Горан, Жанета, Ванковска, Бладемилчин, Кикифрики, Мицко во едно, Свето стотство.