5.1 C
Prilep
Friday, April 26, 2024
Home Фејсбук & Твитер ВАНКОВСКА СЕ ОСВЕСТИ: Со бојкотите само прогласуваме капитулација пред СДСМ и ДУИ,...

ВАНКОВСКА СЕ ОСВЕСТИ: Со бојкотите само прогласуваме капитулација пред СДСМ и ДУИ, мораме да се бориме на избори!

0
1103

Од еден оправдан и легитимен бојкот на референдум до неразумен бојкот на избори, Македонците ќе го истрчаат последниот круг – и ќе покажат не само дезориентираност, туку и елементарно политичко незнаење и неразликување на непосредна од посредна демократија!

Самоуништувачкиот синдром проработува во “вистинско” време, таман кога чекаат да се докрајчиме во име на љубов кон Македонија. И ќе создадеме услови да процвета Северна Македонија – наместо фикусот ќе добиете цвеќе на злото! Политички аматери и пропагандисти ќе ве учат дека држава се гради со бојкот на избори, а капитулацијата ќе ви ја прикажуваат како врв на патриотизам. Македонија ќе живее се’ додека дејствуваме како македонски граѓани, бирбени и зрели да ги одберат најдобрите меѓу нас.

Државата Македонија ни ја сторија пепел, сега сакате да ги устоличите во позиција на шеф на државата токму пироманите. Бидејќи додека се удирате в гради колку не ја признавате Северна и колку сте дали за татковината, тие работат на устоличување на Северна во меѓународните односи. На ФБ патриотизам и на лажни солзи веќе не верувам. На лажни пророци уште помалку. И ако ја изгубиме и оваа битка зошто сме слепци при очи, никој нема да ни биде виновен.
Толку од мене!

Со години не запрев додека другите си гледаа живот и кариери, профитираа попат, а последнава – буквално изгорев! На терен! Уште оваа битка и ставам крај! Бидејќи крајот веќе чука на порти.

Фејсбук статус на Биљана Ванковска