ВАКВИ БУДАЛЕТИНКИ ЈА ВАЛКААТ ЦРКВАТА – ВЛАДИКАТА ПЕТАР ГИ СПОРЕДИ ОСУДЕНИТЕ ВМРОВЦИ КОИ САКАА ДА УБИВААТ ПРАТЕНИЦИ ЗА 27-МИ АПРИЛ СО СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ

0
1216

– И апостол Павле бил неправедно суден како што се неправедно осудени и уставобранителите! Тоа не беше тероризам, тероризам беше убиството во Смиљковско Езеро, треба да им се даде амнестија затоа што непромислено направија нешто за што треба да им се даде втора шанса…

Владиката Петар продолжува да изиграва портпарол на ВМРО ДПМНЕ и тоа најрадикалните структури десничарски кои ги бранат вмровците од 27-ми април кои сакаа и имаа план да го ликвидираат Заев заедно со другите пратеници на СДСМ. Поради вакви негови небулози на многумина им е огадено од црквата и гледаат верата да ја почитуваат без да имаат почит кон свештениците, поради вакви будалетинки…