БУЧКОВСКИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО: ЗАЕВ И КОВАЧЕВСКИ МЕ ИНФОРМИРАА ДЕКА ЌЕ ИМА НОВ ПРИСТАП ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

0
853

Во кратка изјава за Мактел, Бучковски рече:

– Со новиот пристап во преговорите, двете МНР на државите и петте работни групи ќе ги водат преговорите. За новиот пристап вчера бев информиран од Премиерот Заев и мандатарот Ковачевски.

Владата денеска го разреши професорот на УКИМ и поранешен премиер Владо Бучковски од позицијата олеснувач во преговорите со Бугарија.

– Владата му е благодарна на досегашниот ангажман на Бучковски, неговото искуство и конекции беа драгоцени во обидот да се најде решение за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Сметаме дека новите премиери на Северна Македонија и Бугарија треба да имаат целосно слободен маневарски простор да изберат свои тимови и свои начини и стратегии како да се дојде до решение во таа насока му оставаме простор на новиот премиер Ковачевски да го креира својот тим и да креира своја динамика како смета најдобро да се реши проблемот со нашиот сосед Бугарија.- велат владини извори за Мактел.

Постојат шпекулации во политичките кулоари дека разрешувањето на Бучковски било цената што требало да се плати за враќање на бранковистите на Бихачка кои се во долга војна со Бучковски уште пред 10 години по судирот на Бранко со Бучковски по поразот во 2006-та.