НИЕ СМЕ ОД СКОПЈЕ

0
1735

Попладнево на улица сретнав стар пријател. Ми беше драго што го гледам после долго време. Беше неверојатен капацитет на времето. Дете кое многу ветува. Разговаравме долго. Се смеевме, се сеќававме на времето. Се сеќававме на Скопје. Пред чао да си кажеме го прашувам по дома како се. „Деградиран сум.“ – ми се пожали, рече дека до толку е лоша работата што последниве три седмици на син му, кој има четири години, немал при ниту едно чокалтце да му купи. Кога малиов побарал да му се купи, татко му одговорил: „Ќе купиме подоцна синко, важи, јас сепак мислам дека од сега па натаму многу благо ќе се чувствуваме ако повеќе се гушкаме, се бацуваме и се прпелкаме во креветот, така многу повеќе ни се засладуваат душичките.“ „Стварно.“ – рекол малиот. „Супер, е па тато, ако е така, тогаш ич да не ми купуваш чоколадо, по цели денови само ќе се гушкаме, бацуваме и прпелкаме по креветот. Мене тоа и онака ми е најслатко“ – говореше со солзи во очите пријателов. Се прегрнавме братски и се разделивме. Се договоривме да се видиме на пиво, рече; „Јас частам“ – и се насмеа. Одев по улица. Искрен да бидам не знаев каде се наоѓам. Влегов во првиот влез што надоаѓаше. Седнав на скалите и се изнаплакав како мало дете.

Добровечер Скопје.