ГРУЈО ДРМА ОД БУДИМПЕШТА – ЦЕНЗУРА, КОЈА ПОБАРА КУРИР И НЕТПРЕС ДА ЈА ИЗБРИШАТ РЕАКЦИЈАТА НА ПРОТУЃЕР

0
4829

Проработе цензурата на режимот, провмровските медиуми почнаа да бришат вести за Протуѓер по реакцијата на бегалецот Никола Груевски, дека се чувствува предаден од поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Мартин Протуѓер пак ги обнини медиумите, дека не го пренесле точно неговиот исказ даден на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“.

Главните медиумски упоришта на ВМРО-ДПМНЕ го пренесоа статусот на Протуѓер, но веројатно ги искара Груевски и им се закани дека нема да добиваат веќе унгарски реклами па од веста остана само “упс 404 нот фаунд”.

Ова е класичен доказ како работи цензурата на режимот, се објавуваат па бришат вести.

За предметот, во кој е обвинет екс премиерот Никола Груевски и се товари дека злоупотребил 1,3 милиони евра од партиската каса за купување имот на Водно, сведочеше токму Протуѓер, кој на крајот на денот ги обвини медиумите дека го извадиле од контекст кога го пренесувале неговото сведоштво.

-Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое земјиште од 10.000 квадрати некаде на Водно. За волја на вистината, за други детали не сме разговарале. Тој беше таков човек, сакаше да беше внимателен, претпазлив и ако не сака да каже нешто не кажуваше, гласи дел од сведочењето на Протуѓер.

Сепак, во реакцијата на Протоѓер, всушност тој никаде не демантира дека во исказот кажал оти Груевски му спомнал дека купил земјиште на Водно.

За овие искажани зборови, кои како вест ги пренесоа медиумите присутни на рочиштето, Протуѓер сепак не демантира дека ги изустил, туку тврди дека се добил погрешен впечаток.

Неговиот поранешен шеф, Груевски е уверен дека Протуѓер дал таков исказ во судницата, па на фејсбук напиша дека е неточен „оној дел од неговата изјава каде говори дека во некој момент сум му спомнал дека сум земал земјиште на Водно од 10.000 метри квадратни“.

Во „Плацеви на Водно“ бегалецот во Будимпешта е првообвинет и му се суди во отсуство, а според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, тој како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно.

Покрај Груевски обвинети се бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.